“Очајната домаќинка“ на 55 години го покажала своето тело во бикини без филтери, фотошоп... „Не, не сакав да се пофалам колку сум згодна, ова е целта“

Точка

12/12/2019

22:12

11.542

Големина на фонт

а а а

Една од ѕвездите на планетарно познатата серија “Очајни домаќинки“ неодамна го прославила својот 55-ти роденден, а судејќи по последната фотографија која ја објавила на Инстаграм, моментално таа е во најдобра форма во живтот.

Тери Хачер на Инстаграм своевремено споделила исповед за тоа колку е задоволна од свјот физички изглед кој го постигнала со помош на тренинзи и со што исто така постигнала психички да се чувствува многу подобро.

Актерката како дел од осумнеделната пограма F54 на своите тренери им доставила фотографија за да се воочи напредокот, но исто така таа одлучила истата да ја сподели и со своите следбеници на социјалната мрежа. Не за да се пофали со своето тело во бикини туку на другите да им укаже колкава радост носат нејзините тренинзи.

„Тренирањето станува извор на задоволство, а не средство кое ни помага да се чувствувам подобро кога сме голи. Како дел од осумнеделниот предизвик, морав да предадам една фотографија “потоа“ - но зошто ја објавив оваа фотографија во бикини? Па, ова е мојата вистна“ - напишала Тери.

„На 55 години се чувствувам многу добро во својата кожа и тоа е толку ослободувачки. Еве во што е работата - со текот на годините сфаќате која е вашата смисла и го чувате она за што сте благодарни. Имате доволно години да почнете да ги сфаќате чудата кои животот ви ги дава и во себе да откривате нешто ново секој ден. Ранливи и силни сте во исто време, си простувате себеси и на другите. Подготвени сте да вложите труд за да ги покажете резултатите... или не. Но, и тоа е во ред“ - продолжила актерката.

„Одлуката да ја споделам оваа фотографија во бикини е мојот начин да се отворам себеси. Без филтери, без шминка, без фотошоп, без негативност. Бидете доволно силни за да може да бидете ранливи“ - напишала таа. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг