Нобеловецот тврди дека населувањето на другите планети е глупост! Прво треба да ги решиме проблемите на Земјата

Точка

12/12/2019

12:20

2.247

Големина на фонт

а а а

Добитникот на Нобелова награда за астрофизика смета дека човештвото треба да се насочи на решавање на проблемите на планетата Земја, а не на барање живот на друга планета.

Мајк Мејор и неговиот колега, исто така добитник на оваа престижна награда, Дидиер Квелоз, во 1995-та година ја откриле првата егзопланета која има сличен потенцијал за развој на живот како на Земјата.

Пресметале дека таа е на исто растојание како и Земјата, има своја ѕвезда како и дека на неа најверојатно има вода.

Оттогаш, нашето знаење за егзопланетите нагло почнало да расте. Опремата како транзитниот сателит на НАСА за истражување егзопланети (TESS), помогнала во потврдување на повеќе од 4.000 познати егзопланети.


Но, Мејор вели дека влевањето надеж во светот надвор од нашиот соларен систем е “глупава идеја“ затоа што прво треба да се решат проблемите кои ги имаме на планетата Земја.

„Доколку зборуваме за егзопланета, работите би требало да бидат јасни: таму нема да мигрираме. Овие планети се премногу далеку“ - изјавил за агенцијата “Franc-Pres“.

Тие велат дека дури и во многу оптимистички случаеви онаа планета која не е предалеку, да кажеме неколку десетина светлосни години исто така не е опција.


„Зборуваме за околу 100 милиони денови користејќи ги средствата кои денес ги имаме на располагање“ - додава.

„Мора да се погрижиме за нашата планета“ - вели тој.

Климатските промени се забрзуваат со зголемување на нивото на јаглерод диоксид, зголемување на нивото на морињата, а ледниците се топат побрзо од кога и да е, предупредуваат експертите. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг