"Се криев и пушев марихуана...Сега конечно излегувам и живеам, луѓето се прилично кул"

Точка

12/12/2019

12:30

2.835

Големина на фонт

а а а

"Ми беше премногу непријатно поради сето тоа внимание", рекол славниот актер.

Бред Пит е еден од најпопуларните актери на денешницата, а својата кариера ја градел со децении. Како стекнувал планетарна слава во текот на годините, холивудскиот шмекер признал дека му било непријатно да се носи со популарноста. Пред се во текот на 90-тите години, што признал во интерјвуто за New York Times. 

"Поголем дел од времето минував криејќи се и пушејќи марихуана. Ми беше премногу непријатно поради сето тоа внимание", рекол Бред Пит.

Славниот актер навел дека престанал да консумира марихуана кога сфатил дека се чувствува затворено.

"Сега излегувам и живеам, а луѓето се прилично кул", навел Пит и додал дека престанал со криењето кога сфатил дека луѓето може да се чувствуваат добро со неговите филмови.

"Не се обидувам да кажам дека некој треба да биде восхитен од мојата големина, туку дека имам можност на некого да му го разубавам денот. Тоа е реткост", навел Бред.




Спонзорирани линкови

Маркетинг