„Мојата ќерка беше злоставувана“: Шокантно признание на таткото на Бијонсе! Ги изнел сите детали, а таа тогаш била малолетна

Точка

12/12/2019

15:52

4.603

Големина на фонт

а а а

Метју Ноулс, таткото на Бијонсе (38), една од најпопуларните пејачки на денешницата, во неодамнешно интервју признал дека неговата славна ќерка била жртва на сексуално злоставување.

Метју моментално ја промовира својата нова книга “Destiny's Child: The Untold Story“, во која пишува за лошите одлуки кои ги донел на почетокот од кариерата на неговата ќерка.

„Сè се случи кога Бијонсе беше дел од групата Destiny’s Child“ - почнал Метју.


Во тоа време тој ѝ бил менаџер, а сега признал дека Бијонсе и нејзната колешка од групата, Кели Роланд биле жртви на сексуално злоставување.

Како што изјавил тој, нив во 2000-та година ги нападнале двајца членови од групата “Jagged Edge“ со кои девојките настапувале на заедничка турнеја. Сепак, тој не ги именувал напаѓачите.


„Девојките тогаш беа малолетни. Имаа само 16 години, а момчињата имаа околу 21 или 22 години. Јас бев одговорен за девојките и морав да се грижам за нив“ - изјавил тој.

Како што објаснил, Бијонсе и Кели му се пожалиле дека им додеваат момчињата од групата.


Пред крајот на интервјуто, водителот го прашал како тој, како татко ја разрешил ситуацијата во која група момчиња се обиделе да ја силуваат неговата ќерка.

„Нема да зборуваме за тоа пред камерите“ - изјавил тој.

Светот ја чека реакцијата на Бијонсе и Кели, со оглед на тоа што ниту едната ниту другата овие детали досега не ги спомнале во јавноста.




Спонзорирани линкови

Маркетинг