Семејството и фановите во шок: Младиот актер неочекувано починал на 14 годишна возраст...

Точка

12/12/2019

15:37

7.959

Големина на фонт

а а а

Младиот актер Џек Бурнс починал на 14 годишна возраст. Пронајден е мртов во својот дом, а причината сè уште е непозната.

Бурнс бил член на танчерската академија „Elite“, а поради својот неверојатен талент на само 9 години освоил место во престижната балетска школа во Глазгов, пренесува Metro.

„Со тешко срце ви ја пишуваме оваа порака, за смртта на нашиот студент Џек Бурнс, кој трагично нè напушти на 1-ви декември. Џек беше инспирација за сите во Elite, ги допре сите кои со задоволство работеа и играа со него. Сите сме со прашалници и во потрага по одговори“, рекле од академијата каде одел актерот.

Освен завидната танчерска кариера, тој бил на добар пат и во актерската, па се појавил во неколку ТВ серии. Публиката најмногу ќе го памети по хитот на Нетфликс Outlander.

Денеска сите се опростуваат од младиот актер.

„Почивај во мир 14-годишна ѕвездо. Благодарение на талентот доби место во престижната балетска школа. Убаво спиј, Џек“, напишал музичкиот менаџер, Џон Шефилд на Твитер.

„Почивај во мир Џек Бурнс, ѕвездо на Outlander“, напишала една обожавателка на серијата и Бурнс.



Спонзорирани линкови

Маркетинг