„Плата 3.000 евра, само вратете се“: Нова мерка за младите во Грција кои се иселиле од државата

Супермен

12/12/2019

16:57

3.163

Големина на фонт

а а а

Грците покренуваат пилот проект со кој се обидуваат да ги спречат младите да си одат од нивната држава.

Според податоците на грчката Централна банка, 420.000 високообразовани, млади Грци ја напуштиле државата во последните десет години поради тешката финансиска криза и работа побарале во другите делови од светот.


Затоа во склоп на новата програма “Ribrain Gris“, грчките власти сакаат да наговорат барем 500 висококвалификувани Грци на возраст од 28 до 40 години, кои моментално работат во странство да се вратат во нивната татковина, а им нудат добра позиција и минимална месечна плата од 3.000 евра (просечната плата во Грција лани била 1.100 евра).

Бидејќи во Грција има голем дефицит на квалификувани работници, особено во IT секторот, ќе се бараат оние работници кои имаат дипломи од тие подрачја.


Во првата година на вработување, на луѓето кои ќе се вратат третина од платата ќе ја дава државата од ЕУ фондот, а останатата третина работодавачите. Копманиите кои сакаат да учествуваат во програмата ќе се обврзат вработениот да го задржат на работа, по првата субвенционирана година уште барем една година со истата плата.

Грчките власти очекуваат дека многубројни локални фирми во наредните недели и месеци ќе изразат интерес за вработување на талентирани економски емигранти. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk