Аутфит по мерка на жените со изграден стил – Кејт Бланшет во сомотно одело

Fashionel.mk

12/12/2019

21:19

2.402

Големина на фонт

а а а

Деновиве во Лондон беше фотографирана филмската и модна икона Кејт Бланшет, во шик издание што беше прокоментирано како пример како треба да изгледа модерна жена со изграден стил.

Во еден аутфт се споени две актуелни тенденции: сомотот како еден од омилените материјали во овој период од годината и класичната сина нијанса што е прогласена за боја на годината според институтот Пантон. 

Оделото е комбинирано со елегантна бела кошула и чанта со кратка рачка исто така во сина нијанса, што како целина може да ви биде инспирација за ефективен деловен аутфит.



Спонзорирани линкови

Маркетинг