Ова се најопасните вулкани на светот: Еден момент е доволен за да се случи катастрофа, а туристите и понатаму ги посетуваат

Точка

13/12/2019

08:57

5.826

Големина на фонт

а а а

Иако некои од нив имале ерупција неодамна, тоа не спречува многу од луѓето овие места да ги стават на листата на желби за посета.

Смртоносната ерупција на вулканот на Нов Зеланд ги довела во центар на внимание сите активни вулкани кои во текот на годините ги посетуваат многу туристи.

Од Јапонија до Демократската Република Конго, на планетата постојат толку многу активни вулкани, а туристите постојано бараат предизвици во нив.


Ова се само некои од најпопуларните и неодамна активни вулкани на светот:

Индонезија

Неодамнешната ерупција на стровот Бали ги обиколи медиумите во светот. Ерупцијата почнала уште во 2017-та година, а вулканот и понатаму е активен.

На Бали се наоѓа и активниот вулкан Батур кој е омилено место за посетување за оние кои обожуваат да гледаат зајдисонце.

Недалеку од Бали, на островот Ломбок се наоѓа Ринџани, еден од најактивните вулкани во Индонезија.


Приоѓањето до неговиот кратер често е забранет поради неговите ерупции, но тоа не ги спречува туристите да го псоетуваат.

На островот Јава се наоѓа Бромо каде што посетителите можат да се приближат толку многу со што можат да видат како чадот излегува од кратерот.

Недалеку од Бромо е Иџен кој исто така е многу активен и популарен меѓу туристите.

Италија

Најпознат е вулканот Етна на Сицилија, но туристите и понатаму се качуваат на точката висока 2.920 метри.

Везув исто така е еден од најпознатите вулкани. Повеќе од два милиони луѓе ги посетуваат планините и подрачјата околу нив, а вулканот Везув немал ерупција од 1944-та година.


Јапонија

Оваа земја веројатно се смета за една од сеизмолошки најактивните. Во Јапонија во текот на годините се случуваат 20 отсто од земјотресите.

Исто така таа е дом на многу вулкани, а веројатно најистакнат меѓу нив е Фуџи во близина на Токио. Последен пат еруптирал во 18-от век, а денес често го посетуваат како планина, а не како активен вулкан.


Ерупцијата на Асама последен пат се случила во 2015-та година и тоа е еден од најактивните вулкани во државата. Кратерот е затворен за туристите, но и понатаму постојат многубројни пешачки тури.

Останатите делови во светот каде што има поголем број активни вулкани се: Филипини, Исланд, Монсерат, САД и Конго. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг