Били Ајлиш многу брзo стекна светска слава, а сега открива низ што поминала поради тоа.
Пејачката која има 17 години, почнала да се занимава со музика, а многумина коментираат дека нејзините спотови и песни се нереални и восхитувачки.
Таа веќе има хитови, но објаснила дека не се како што изгледа.
Били признала дека не се чувствувала нималку пријатно на концертот во Тексас.
„Ме фаќаа за гради и деловите на телото на кои никој не сакам да ме фаќа“ - го споделила со јавноста своето трауматично искуство.
„Се чувствував како да сум нападната. Некој дури и ме гушеше со рацете за вратот, ме влечеа за раце толку многу силно што обезбедувањето мораше да ме повлече назад. Ме тегнеа за коса, а некој ми го украде прстенот од рака. Знам, беа возбудени, разбирам, но јас сум таа која мора да живее со тоа“ - изјавила Били Ајлиш.