Марио во новата сезона на „Преспав“ порачува: "Да водимо љубав, а не ратове!"

Точка

16/12/2019

10:21

6.115

Големина на фонт

а а а

Во пресрет на новата сезона на „Преспав“ разговаравме со Васил Зафирчев или на многумина од вас, омилениот Марио од оваа серија за тоа што да очекуваме од новата сезона. Конкретно дали ќе има промени кај ликот што го глуми, пораката што треба да ја пренесе...

Можеме да ви најавиме дека треба да очекувате не помалку интересна нова сезона на „ Преспав“ и дека ќе можете да се смеете и уживате не помалку од претходната.  

Ќе се промени ли стилски и карактерно Марио во новата сезона на Преспав?

- Карактерно секако не, а стилски препознатливо иако со одредени варијации. И во оваа сезона Марио останува да биде вешт манипулатор, и во кујната и во пансионот, со многу комични ситуации но и повремени драма квин моменти. Како готвач веќе напреднал, па промовира свое мени кое е фузија на азиска и балканска кујна. А во визуелниот идентитет на ликот доминираат специјално дизајнираните готвачки униформи, шарените престилки, марамите, еклектичниот накит, драматичната шминка и лакираните нокти во секогаш различни бои.

Каква порака треба да пренесеш преку ликот на Марио?

- "Да водимо љубав, а не ратове!"


Ќе настапуваш ли во новогодишното издание и со што? 

- Секако. Деталите не смеам да ги откривам, за да бидат изненадување за новогодишната ноќ. Но публиката и овојпат ќе може да ужива во хуморот, забавата и атрактивните музички и танцови точки.


По што ќе ја паметиш 2019? 

- По бескрајната љубов и внимание кои ги добивам од најмладата публика и по фантастичната 4-та сезона на мегапопуларниот ситком.


Каде ќе биде за дочекот на Нова Година, Васил? 

- Конечно дома.

(А.В)



Спонзорирани линкови

Маркетинг