Тори Оједа има 20 години, а приказната за нејзиниот љубовен живот достигнала неверојатни размери.
Поточно, таа својот прв партнер го запознала на 18-ти март во средно училиште и тие ја започнале својата врска. Само два месеци подоцна, таа се верила со 23-годишниот Тревис, но приказната тука не застанува.
Во меѓувреме, љубовта ја нашла и во своите долгогодишни пријатели Итан и Кристофер. Пред седум месеци Тори забремеила и сигурно е дека Кристофер е татко на девојчето кое го носи.
Но, бидејќи сите живеат заедно, планираат да бидат еднакви во воспитувањето на детето.
„Крис е биолошкиот татко, а тоа го знаеме по датумот на зачетокот“ - објаснила Тори и додала дека во тоа време тие двајца биле заедно на одмор сами, така што нема друга алтернатива.
На прашањето како ќе ја поднесе татковската титула, Кристофер вели дека тоа му е предизвик.
„Пораснав со идејата за една мајка и еден татко, но ние поддржуваме сè, ние сме тим. Секогаш се шегуваме на прашањето “прашај го твојот татко“ и како ќе се практикува тоа“ - изјавил тој.
Очигледно станува збор за отворена врска, но интересно е тоа што идната мајка има повеќе партнери без оглед на тоа што таа ги охрабрувала да најдат друга партнерка.
„Би сакала и тие да пронајдат друга партнерка. Тешко е да се договорите и да се прилагодите според сите, а притоа никој да не биде отфрлен. Би сакал да не сум единственото женско во оваа врска“ - рекла Тори.
Секој од нив има своја спална соба, но мажите секоја вечер се менуваат во нејзиниот кревет.
Тие признаваат дека понекогаш постои љубомора, но тие сè решаваат со разговот.