Убавицата го мачка ѕверот: Ова е дамата поради која легендарниот актер ја оставил својата сопруга по 38 години брак

Супермен

19/12/2019

19:23

9.412

Големина на фонт

а а а

Американскиот актер Рон Перлман (69) минатиот викенд е фотографиран на романтичен одмор во мексиканското летувалиште со неговата наводна девојка Алисон Дундар (42).

Иако, парот сè уште не ги потврдил шпекулациите дека се во врска, на фотографиите Перлман и Дунбар уживаат во опуштена атмосфера покрај базен, а очигледно дека не заборавиле ниту на кремот за заштита од сонце.

Актерот, најпознат по филмот „Hellboy“ и серијата „Синовите на анархијата“ не се крие колку му годи додека Алисон му нанесува заштитна крема за сончање на кожата.

Таа од главата до петите го намачкала неговото тело со заштитен фактор, а дури потоа се погрижила за себе.

Двајцата актери минатата година заедно глумеле во ТВ сериајта „StartUp“, а оваа пролет почнало да се шпекулира дека се во љубовна врска кога биле фотографитани како се бакнуваат.

По стравствените сцени, Рон Палман објавил дека се развел од својата поранешна сопруга Опал Стоун со која бил во брак полни 38 години.

Погледнете ги фотографиите:







Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk