„Шумахер не е истата личност од пред шест години“ - зборовите на докторот ја замрзнуваат крвта во вените

Супермен

31/12/2019

10:35

12.315

Големина на фонт

а а а

„Михаел Шумахер не е истата личност од пред шест години“ - вели неврохирургот од Болоња, Никола Ачари.

Легендата на Формула 1, се повреди пред шест години. Тој доживеа несреќа на скијање на Алпите во Франција на 29-ти декември 2013-та година и кога паднал со главата удрил во камен и се здобил со тешки повреди на мозокот.

Оттогаш јавноста многу малку знае за ситуацијата на седумкратниот шампион на Формула 1.

По долгиот престој во болницата тој е пуштен на домашно лекување во својата вила во Швајцарија во која “живее во тајност“.

Одвреме-навреме се појавува некоја информација за него од најблиските и за тоа како тој се бори против неговата состојба опкружен со неговата сопруга Корина и децата како и многубројните медицински луѓе кои се ангажирани по кобната несреќа.


„Мора да бидеме внимателни затоа што има многу малку информаци за Шумахер. По шест години тој сигурно не е истата личност која ја паметиме“ - изјавил италијанскиот доктор Никола.

Шумахер беше на третман со мозочни ќелии, а споменатиот доктор истакнува дека тој воглавно влијае на оддржување на виталните органи.

„Неговата состојба ја олеснува негата која ја има и вниманието кое го добива. Неговата состојба бара постојано внимание. Сето тоа е последица на траумите кои ги доживеа. Тој има луѓе кои комуницираат со него и тим на физиотерапевти. Мислам на атрофија на мускулите, пореметување на тетивите, остеопороза па дури и органски промени. Тоа е многу деликатна ситуација која кај луѓето кои тоа не можат да го финансираат има неповратни последици и резултира со побрз крај“ - рекол докторот. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk