Нумеролошка прогноза за Македонија во 2020-та година

Точка

02/01/2020

10:48

5.769

Големина на фонт

а а а

„2020-та година ќе понуди многу поголеми можности за жените во политиката, но и во други професии. Не дозволувајте годинава емоциите да ве водат во крајност. Премногу емотивно на сметка на рационалното не само што нема да ви е од помош, туку води и до повеќе недоразбирања, конфликтност, или пак како друга крајност повлекување во себе, самосожалување, несигурност итн. - вели за Точка Мими Сиљановска - Главиновска, нумеролог, аналитичар и консултант.

Ќе има ли промени во државава и во која област, што значи 4-ката во нумерологијата и која е нејзината препорака дознавате од инетервјуто:  

Можеме ли да очекуваме поголеми промени во државава во 2020-та и во кои области? 

- До септември се уште имаме изненадувачки и брзи промени, за кои неретко ќе бидеме неподготвени, а сепак ќе мора брзо да се реагира, во спротивно тие ќе останат само како неискористени можности. Пролетта и есента се два периоди кои носат големи промени и големи одговорности, иако околностите(надворешни) многу и не ни се од полза. Закон, полиција, војска, затвори, болници, архитектура, граници, компјутерска технологија, дипломатија - се области кои ќе бидат во период на поголеми промени.


Годинава е во годишен циклус на бројот 4. Што значи тоа во нумерологијата?

- Конзервативен, упорен, бара многу труд и напор. Период во кој е исклучиво важно да се има ред и дисциплина и секако многу упорност за да се надминат многуте пречки од околина и околности. Ќе се посветиме многу повеќе на средување во домот, а надворешните пречки да не ни бидат обесхрабрување за она што е добро и темел. 4-те основни столба да се постават како стабилност, база на која ќе се темелат наредниве 5 години. Воопшто не е лесна оваа 2020-та год. се до септември 2021 год. Носи доста пречки, лекции од кои учиме, корегираме и секако без премногу да ветуваме или да бараме ветувања од другите.

Ваша препорака?

- Прво гледај си ја стабилноста дома, а помалку мисли на тоа што ќе мислат или зборуваат другите.

Ова е колективната прогноза за 2020 година, за која и секој поединец придонесува и во ваквите времиња - со заеднички сили. Повеќе трпение, упорност, истрајност и добри долгорочни планови се препорака за успешна година.

Среќно!


(А.В)



Спонзорирани линкови

Маркетинг