Овојпат се присетуваме на телефоните кои беа хит кон крајот на првата деценија на овој век...
Направивме избор од 14 познати произведувачи на телефони, чии популарни модели ги споредивме со крајот на оваа и претходната деценија на 21-от век, а ги избравме актуелните топ модели од 2009-та година.
Интересно е тоа што денешните топ произведувачи како што се Google, Xiaomi или HONOR пред 10 години не ни постоеја, а дека баш некаде во тоа време своите последни телефони ги направи многу популарниот Sagem.
До крајот на 2009-та година на пазарот веќе исчезнаа Ericsson и Siemens уредите.
Овојпат ќе направиме преглед на омилените телефони од 2009-та година и денешните најмоќни модели меѓу произведувачите: Samsung, Apple, Huawei, Nokia (HMD Global), Sony, Sony Ericsson, LG, HTC, Motorola, Xiaomi, Google (поранешен HTC), HONOR (кој е дел од компанијата Huawei), BlackBerry (кој сега е дел од Alcatel компанијата), ZTE и Alcatel (кој денес е дел од TCL компанијата).
Apple константно напредуваше во текот на претходната деценија...
Погледнете ја нашата листа на мобилни телефони: