Астролошка анализа на Симеон Атанасоски за 2020-та

Точка

04/01/2020

15:29

9.847

Големина на фонт

а а а

„Мислам дека процентите да добиеме датум покана за преговори е поголема одошто да не ја добиеме. Брза проценка која јас веќе ја истакнав дека за СДСМ е подобар период март април, одошто за ВМРО- ДПМНЕ кога се во прашање изборите. Сатурн во Јарец дава различна околина и престој за некои кои во политиката се „огрешиле“ пред законот, па може да се очекува и затворска казна и нов простор за живеење за некои обвинети. Природните катастрофи во светот доаѓаат во циклуси, а тоа подразбира дека и во 2020-та тие ќе бидат во топ вестите на порталите и ТВ куќите. Да се внимава на увезена храна“ - ова се дел од астролошките анализи на Симеон Атанасоски за 2020-та за Точка.

Ќе има ли позитивни сигнали од ЕУ за Македонија на пролет? Ќе се предомиси ли Франција? 

- Македонија со отстапките кои ги направи, но посебно со изјавите на политичарите кои ја критикуваат односно величат надворешната политика со Преспанскиот договор, цело време ја пореметуваат својата геополитичка позиција на Балканот. Причина е што не знаат кога да дадат изјави, на кого и со какво објаснување за посакуваната цел. Кога некој не знае подобро да оствари каков-таков резултат и да молчи отколку со своите изјави да ја поделува јавноста, а тоа како бумеранг да се врати за иднината на Македонија. 

Секое време има своја осцилација, па и изјавите дадени во различно време имаат збирна времена детерминанта.Тоа подразбира да колку сакате бидете позитивни или негативни во политиката, исходот е резултат на тоа внатрешно погрешно влијание и надворешно во случајот ЕУ или НАТО. 

Ведската астрологија користи неколку системи на предикација преку циклуси на времето на нашата држава, а со помош на системот Прашна, Мухурта и Нимита, добива еден дел од одговорот на поставено прашање. Пролетниот период е со подобра планетна осцилација во некои денови за СДСМ, односно ВМРО- ДПМНЕ, а тоа дава процент на добар знак за некаков договор со ЕУ и отпочнување на некој вид на преговори. Но, спомнав, ведската астрологија не се потпира само на една астролошка варијабла. Јас јавно коментирав дека за предвидување, на пример, земјотрес потребни се многу на број или најмалку 100к варијабли, преку систем на елиминација да дојдете до 100-тина, па потоа да ги сведете на неколку кои сериозно ги студирате, за на крај да предвидите ден и локација. А полесна за мене е таа работа одошто некои од поставените прашања бидејќи за да се предвидат треба сериозна студија. 

Еве на пример јавно коментирав дека претседателот Макрон и француската република во последната недела од март и април имаа сериозни проблеми и ќе бидат под притисок, а можеби и за Албанија и нас. Во картата на Македонија имаме миксано влијание, но со позитивен предзнак на нашиот председател кој токму во овие недели од март и април има важна улога и свој придонес за ова прашање.  

Во недостиг од посериозна анализа, сепак мислам дека процентите да добиеме датум покана за преговори е поголема одошто да не ја добиеме. Сепак веќе спомнав дека нашето МНР, брзо да реагира на последната недела на март, посебно на 25-ти март 2020 и по полната месечина на 6-ти април 2020. Не треба да се чека мај во Загреб, туку многу порано да се делува. Треба да се почне од јануари, а да се дојде до чиста позиција до крајот на март 2020.Тоа треба ненападно и тивко и далеку од очите од јавноста со отстранување на евентуалните „добронамерни“ забелешки!


На кој ќе му се насмевне среќата на изборите во април, на позицијата или опозицијата? 

- Доколку се третира полето на Јарец со Јупитер и Сатурн и импулсивниот Марс, а потоа и емотивните Риби и тврдоглавиот Овен (земја-вода-оган вибрации) во пролетта немаме победник кој сам ќе состави влада. Брза проценка која јас веќе ја истакнав дека за СДСМ е подобар период март април, одошто за ВМРО- ДПМНЕ. Тоа може да значи дека без разлика на изборниот резултат, пост изборна коалиција може да биде на страна СДСМ и ДУИ. 

Покрај споменатата последна недела од јануари за проблеми кај СДСМ пред се нивниот лидер, за да во последна недела во март посебно околу 24 март 2020, Касами и Села со коалициони проблеми, што може да значи политичка одлука и прегрупирање во алб.пол.кампус и изненадување и проблеми кај нив!

Ќе добие ли затворска казна некој од политичарите за кој има судски спор? 

- Тука нештата се напред-назад! Но, сепак Сатурн во Јарец дава различна околина и престој за некои кои во политиката го „огрешиле“ законот, па може да се очекува и затворска казна и нов простор за живеење за некои обвинети. Април е важен по ова прашање и последните три месеци од годинава. 

Ќе продолжи ли одливот на млади од земјава? 

- Како што спомнав ланската година и поситуирани земји имаат миграцион проблем! 

Го потенцирав затемнувањето во 1999, со кое дијагонално се затемни Европскиот континент и Балканот, а ова влијание делува сепарационо на младите и нивните родители, а кај некои и целото семејство. Не само за нас, ова влиjaние го имаше и Бугарија, Србија, Хрватска, Романија, Унгарија итн. Овој ефект е минлив доколку „интелигентно“ се пренасочи.Тоа подразбира да се организираат патувања, семинари, обуки во северниот и западниот дел од Европа, како и источниот и јужниот дел од Балканот, каде влијанието на затемнувањето беше најизразено.Тогаш младите,па и постарите барем во некој процент од оние кои планираат мигрирање, ќе останат. Корисно е и покана за разни конференции и културно спортски религиски или филмски, музички настани во Македонија (што повеќе подобро - битно е поголема група на стари и млади да учествува, а не само елитен одбран дел). И ова го подзапира одливот. Градоначалниците во општините нека размислат како младите и старите секојдневно да ги активираат, а не само по пригода и да се „фалат“ со учинокот. Повторувам - секојдневно! Живееме во информатичко време и тоа денеска е изводливо и многу поедноставено.

Ќе има ли природни катастрофи? 

- Природните катастрофи во светот доаѓаат во циклуси, а тоа подразбира дека и во 2020 тие ќе бидат во топ вестите на порталите и медиските ТВ куќи. Сепак 2020 е неповолна за Јужна Америка каде ќе има големи протести и немири како и неколку посилни земјотреси. Втора регија - триаголникот Кина, Индија и Јапонија каде може да се очекува силен земјотрес преку 7 степени по Рихтеровата скала.  

Ние иако сме во секундарната зона за оваа година, можна е раздвижена тектониката на линијата иранско плато и анадолската плоча, па се очекува посилен земјотрес од 6,4 степени во овој регион. Повремено е активна и тектониката потег Турција кон Грција и по пролетта и можни се потреси преку 6,4 по Рихтер. Од вулканите можеби Етна да ги вознемири туристите и околните области.

Денови за земјотрес во првите три месеци од 2020 околу: 

- 10 јануари,  магнитуда поголема од 7 по Рихтер

- 17 јануари

- 24 јануари

- 11 и 17 март 2020

Неделата од 21 до 26 јануари посебно да се внимава во сообраќај, во светот тешки сообраќајни несреќи и земјотрес поголем од 6,5 по Рихтер.  


Кризи во светот?

- Во Јужна Америка за 2020, Бразил и Венецуела пред пролет, додека Николас Мадуро со поголеми проблеми во пролетниот период, можни насилни протести во Бразил при крајот на јануари до март.

Веќе е навестено од минатата година за влијанието на Јупитер-Сатурн кои се во јути или астролошки аспект за 2020 во Макара или Јарец. Тоа донесува можност за почетни епидемии во светот и треба да се припази од тргување на продукти и стока која во 2020 би пристигала од можни земји на зараза пред се Африка и делови од Јужна Америка или кризните региони од Азија. 

Банкарскиот сектор го очекуваат најави за намалување на вработените, а овој бран може со задоцнување да се префрли и во нашата земја.

Германија ја очекува мала криза во економските договори во јануари-февруари и јунско-јулскиот период, а можно е да е поврзано со економска мерка од страна на САД. Секако негодувањето за трасата на рускиот гасовод од страна на САД во овие месеци може да биде главна економска тема. Нивната зацртана економија и шварц зеро политика, сепак со тие потешкотии, може потоа нормално да продолжи.  

Трендот за зголемување на женската популација во сите сфери на работењето ќе продолжи, па може да се очекува и зголемен број на припаднички на понежниот пол во политиката. 

На кој знак е 2020-та? 

- Слично мојот одговор е како и минатата година ...Само наталната карта и годишен хороскоп за 2020, може да Ви даде одговор каква година Ве очекува. Сепак повеќе од забава... Знаците Риби, Рак и Скорпија и првата декада на Бик и Девица може да напредуваат доколку вредно работеле во изминатиов период. Овен и Лавот ќе почнат нова деловна активност, а Близнаците нека внимаваат. За нив 2020 може да биде или најдобра или најлоша година.


Ќе има ли просечна плата од 500 евра во 2020-та? 

- Прашањето за да биде коректно одговорено, потребен е демократски попис и споредба на валидноста на економските податоци и бројот на вработени. Младите од Македонија кои се моментално во странство го подигаат просекот кај нас примајќи некој просек од 1000-1500 евра плата.Тоа подразбира секој иселен ја зголемува статистичката вредност минимум за двајца кумулативно. Помножете го бројот на иселени работноспособни лица! Одредени барани струки кои заработуваат преку интернет ја менуваат оваа статистичка вредност, а прашање е дали се имаат сите податоци. Оттука 500 евра се достижни доколку се земат во предвид и овие фактори. Се уште нема длабинска анализа на заработка остварена преку интернет порталите кој за еден дел од вработените е пасивен приход.   

Што го очекува претседателот Пендаровски? 

- Околу претседателот Стево Пендаровски е со браманско-трговска енергија и генерално е добар избор за нашата држава. Сепак ќе се соочи со два кризни периоди, едниот е втората половина од февруари (посебно неповолен му е 24 февруари) и делумно во март, а потоа јунскиот период заради потпишување на некои државни укази и координација, со кои може да не дели потполно идентичен став. Можни се негови избрзани изјави, кои политичките инфлуенсери ќе тријат дланки за посети на нивните сајтови или блогови. Посебно неповолен период - околу 22 јуни 2020. Во овој период и народното собрание или парламентот ќе имаат жестоки дебати и ќе го тестираат трпението на гласачкото тело.

Посебно да истакнете?  

- Два периоди кои се важни за Македонија (март-април), но и за нашите соседи пред се Албанија, Грција и Бугарија. За овие денови нашето МНР треба уште во јануари да има стратегија за евентуални во „последен момент“ барања од кабинетот на Макрон.

- 23 март (понеделник) 2020 

- 20 април (четврток) 2020

Во популарна политичка емисија 2012 околу Нова година, на поставено прашање го истакнав клучниот збор за наредниот период - технологија, а во оваа 2020 и за наредните години покрај технологијата, клучен збор е конкурентност поради ефектот на Јупитер и Сатурн. Во недостиг на време за посериозна студија, некои прашања се одговорени само со една метода. Понекојпат само за едно прашање се користат повеќе од 10-тина астролошки системи или методи, помеѓу нив Прашна, Нимита, Мухурта, Васту Шастра, Џатака се основни, а Таџака, Тити Правеша,Сарватобадра, Кота и Кала Чакра поретко и за специјални анализи. Секако дека треба најмногу познавање од Мунданата астрологија.

(А.В)



Спонзорирани линкови

Маркетинг