“Toyota” ги шокираше посетителите на “CES”: “Ќе го изградиме градот на иднината”

Точка

08/01/2020

21:11

5.055

Големина на фонт

а а а

Додека другите автомобилски произведувачи припремиле бројни автомобилски системи за “CES”, “Toyota” отишла чекор понапред и најавила изградба на град на иднината.

Се нарекува “Woven City”, а ќе биде изграден во подножјето на планината Фуџи во Јапонија. Градот ќе се простира на нешто повеќе од 70 хектари и истиот ќе претставува целосно затворен екосистем, напојуван од водородни горивни ќелии.


Во него, истражувачите и нивните семејства паралелно ќе развиваат системи од полето на автоматизацијата, роботиката и општо, вештачката интелигенција. Сите тие системи ќе бидат тестирани во нивните паметни домови. 


Градот е осмислен од страна на данскиот архитект Бјарке Ингелс, кого го воодушевила идејата за целосно поврзана заедница без штетни емисии на гасови и со автономен транспорт. Дури и материјалите за зградите ќе бидат еколошки и ќе се базираат на дрво, а крововите ќе добијат соларни панели. Предвидени се и три типа на сообраќајници, каде една е резервирана за пешаците, а другата за пешаците и личните транспортери. Конечно, тука е и третиот вид на сообраќајница по која ќе се движат класичните автомобили. Најголемиот дел од превозниците ќе го сочинуваат автономните “шатл” возила на “e-Palette”.

Почетокот на изградбата е предвиден за следната година, за која е предвиден престој од околу 2000 станари. Нив ги очекуваат дури и куќни роботи, а со помош на посебни сензори ќе се надгледува и здравјето на самите жители. “Toyota” засега не открива колку ќе чини овој проект за изградба на најмодерниот град на светот.





Спонзорирани линкови

Маркетинг