Дал отказ, 5 години живеел на раб на сиромаштија, а сега заработува повеќе од 100.000 долари годишно

Супермен

09/01/2020

10:50

4.037

Големина на фонт

а а а

„Речиси пет години живеев како просјак, а повеќе од половина од платата ја тргав на страна за да уредам сопствено студио и да покренам сопствен Јутјуб канал“ - се присетува Андреи Јикх, денес познат Јутјубер кој само за една година по пат на својот Јутјуб канал заработува повеќе од 100.000 долари.

Неговиот пат до денешниот успех не бил лесен. Иако на почетокот од својата кариера не се сомневал дека ќе стане Јутјубер ниту пак дека главната тема на неговите видеа ќе бидат финансиите, како што објаснува за „Business Insider“, но животот пријатно го изненадил.

Пред да почне да објавува едукативни видеа на Јутјуб за личните финансии, овој 30-годишник работел како снимател на поучни видеа за правилни изведувања на магионичарски трикови за некоја стартап компанија, но и како советник за снимањето на познатиот филм „Now You See Me 2“.

„Со снимањето и магијата сериозно почнав да се занимавам на мои 19 години. Кога добив покана за снимање на познатиот филм не се двоумев ниту секунда. Тоа ми беше остварување на сонот“ - објаснува Јикх.


Неговата опседнатост со магија, но и со камера започнала во раното детство. Неговите родители пред преселувањето во САД многу години работеле во циркус во Русија.

„Со доаѓањето во САД нашиот живот со текот на времето стануваше потежок. Иако се доселивме поради добри работни понуди на мојот татко, по неколку години се најдовме во долги долгови. Мислам дека токму финансиската трагедија на моето семејство беше “виновна“ за мојата денешна кариера“ - додава тој.

„Да, денес заработувам од реклами и многубројни соработки, но првите четири месеци имал голема загуба. Кога работите по шест часа на истражување па потоа уште три часа на снимање и 10 монтажи, а на крајот на месецот на сметката ве чека минус, тешко е да продолжите понатаму, но никогаш не се откажав. Сега глдам дека мојата упорност се исплати“ - заклучил овој Јутјубер. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk