Во зима почесто се крадат автомобили бидејќи возачите забораваат една банална работа

Точка

13/01/2020

14:28

4.535

Големина на фонт

а а а

Некои држави донеле закон кој ги обврзува возачите да го исклучат моторот кога возилото не е во движење, бидејќи тоа претставува знак за крадците дека возилото е празно и "слободно за крадење".

Многу од нас во текот на студените зимски утра го оставаат моторот да работи неколку минути пред возењето за возилото да се загрее. 

Таа постапка би можела многумина да чини поскапо од казна за прекршок. Крадците чекаат токму вакви ситуации, да пријдат до автомобил и да го украдат без пречка.

Повеќе од десет проценти од украдените возила ширум САД при кражба имале оставен клуч во бравата или клуч за палење на моторот, пишува "Fox News".

Само мал број автомобили поседуваат далечински систем за местење на температурата. Додека ваквата погодност не стане секојдневие, избегнувајте палење на моторот додека не сте во возилото.

Овие три совети ќе ви помогнат да избегнете кражба на автомобилот.

* Заклучете го автомобилот по возењето, земете ги клучевите и вклучете го алармот.

* Погрижете се вратите на гаражата да бидат затворени. Оставањето на отворени врати или клуч на бравата им дава можност на крадците непречено да се доближат до возилото.

* Никогаш не излегувајте од возилото додека работи моторот. Тоа посебно се однесува на ситуациите кога автомобилот го оставате на паркинг или излегувате нешто да купите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг