Македонија со тежок пораз од Австрија го заврши настапот на ЕП

Дерби

14/01/2020

19:50

1.659

Големина на фонт

а а а

Поразот од Чешка остави голема трага врз играта на македонската ракометна репрезентација, па иако играчите влегоа со огромни надежи во дуелот со Австрија, еден од домаќините на Европското првенство денеска ги искористи сите недостатоци во нашата игра.

Австрија го контролираше мечот уште од самиот старт и оставри неочекувано лесна победа над „црвено-жолтите“, па сега со максимални шест освоени бода домаќините се пласираа во главната фаза на турнирот. Од друга страна пак, во нашата селекција ќе треба да следи целосна анализа за случувањата на сите три натпревари, бидејќи по среќниот триумф над Украина, следеа два големи шока кои кулминираа со тежок пораз од Австрија.


По катастрофалното прво полувреме, Австрија во вториот дел дојде и до плус десет, а во самата завршница, нашите ракометари само успеаја да се изборат за подостоен пораз од 32:28 со кој ставија крај на своето учество на Европското првенство.



Спонзорирани линкови

Маркетинг