Ова е новата машка колекција на Гучи, а вие самите одлучете што мислите за неа...

Супермен

15/01/2020

11:58

8.895

Големина на фонт

а а а

По Лондон и Фиренца, вниманието на модниот свет од овој викенд е насочено кон Милано. Во склоп на Неделата на машка мода се промовираат најпрестижните брендови, а се чини дека најгласни реакции предизвика ревијата на модната куќа Гучи.

По повеќе сезони претставување на машки модели во склоп на женски ревии на модната недела “Pret-a-Porter”, креативниот директор на Гучи, Алесандро Микеле, оваа сезона се врати на машката модна недела. Како и досега, Микеле го претставува мажот кој не се плаши од сопствената кревкост и нежност и живее слободно без да се обѕира на стереотипите и социјалните очекувања. 

Колекцијата претставена во “Palazzo Delle Scintille” ни овој пат не отстапила од мажот на Гучи на кој сме навикнати – прикажана на модели кои отскокнуваат од класичниот поим за убавина, овој пат колекцијата како да е инспирирана од “немирниот ученик” што се манифестирало во вид на одело со кратки панталони, маици со слогани и додавање на феминизирани елементи во машката гардероба.

Погледнете како изгледало сето тоа:




Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk