Неодоливиот Бред Пит во кампања за италијанскиот бренд “Brioni”

Супермен

16/01/2020

11:28

2.434

Големина на фонт

а а а

“Brioni” е италијански моден бренд кој во петокот ја претстави новата модна кампања за пролетната колекција за која веќе зборуваат бројни модни магазини.

Заштитно лице на новата кампања е токму актерот и продуцент Бред Пит, кој најави дека ќе соработува со овој бренд и на екслузивната колекција која ќе биде претставена во вториот дел од годината. 

Бред ги носеше оделата на “Brioni” на доделувањето на Златните глобуси, на кои освои награда за улогата на Клиф Бут во филмот “Once Upon A Time In Hollywood”, а оделата на италијанскиот бренд биле негов избор и за премиерата на ова филмско остварување во Кан.


“Брендот отелотворува креативност, квалитет и совршеност. Отсекогаш сум се воодушевувал на неговиот елегантен и безвременски дизајн”, коментирал Пит.

Колекцијата е претставена низ црно бели фотографии кои го ставаат акцентот на префинетиот дизајн на “Brioni” кој оваа година ќе го прослави својот 75-ти роденден.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk