“Локи” е првиот автомобил кој е комплетно произведен од 3D печатач

Супермен

16/01/2020

13:01

1.691

Големина на фонт

а а а

Првиот германски автомобил од 3D печатач се нарекува “Локи” (LOCI) и има едно седиште и отворена каросерија.

Во овој момент, тој повеќе претставува скулптура отколку функционално возило и сè уште не поседува мотор, но набрзо ќе биде спремен за возење. 


Ефикасен, дигитален, автономен – ова е автомобил на иднината. Барем за берлинската старт ап компанија “BigRep”. Прототипот “Локи” е првиот автомобил кој е комплетно произведен по пат на 3D технологија.


Автомобилот сè уште нема мотор, но од компанијата велат дека ќе го добие во текот на годината и потоа ќе бидат можни и тестирањата на истиот. Истражувачите се сложуваат дека автомобилите од 3D печатачите мора да станат дел од секојдневното производство и промените во масовното производство се неизбежни.

Само така, велат тие, индустријата во иднина може да биде конкурентна, да ги исполнува желбите на купувачите, да ги исполнува нормите за емисија на штетни гасови – и да ги штеди драгоцените ресурси.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk