Вил Смит на црвениот тепих со наследниците: Актерот повторно е во добри односи со постариот син

Кармин

16/01/2020

15:19

2.829

Големина на фонт

а а а

Холивудскиот актер, Вил Смит (51), со синовите Џејден (21) и Треј (27) се појави на премиерата на филмот „Bad Boys For Life“, а не криел колку е горд и среќен што е во нивно друштво.

Вил и неговите наследници не ги тргале насмевките од лицата, а како што ѝ е познато на јавноста, тој со постариот син не бил во добри односи, па сите ги воодушевиле кога заедно се појавиле на премиерата на филмот.


Имено, после разводот од првата сопруга Шри Зампино, со која го има синот Треј, наследникот на Вил се чувствувал напуштено, што многу влијаело на нивниот однос.

Покрај Треј, Вил со актерката Џејда Пинкет Смит ја има ќерката Вилоу (19) и синот Џејден (21).

„Не е отсекогаш вака помеѓу Треј и мене. Со години се боревме после разводот од неговата мајка. Тој се чувствуваше изиграно и напуштено. Вистински благослов е тоа што го обновив односот со прекрасниот син“, изјавил Вил.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk