Прогласени најдобрите земји на светот за одгледување на деца за 2019 година

Кармин

16/01/2020

16:19

3.308

Големина на фонт

а а а

Универзитетот во Пенсилванија од 2016 година составува годишна листа на најдобри земји за одгледување на деца. Според овогодишниот извештај, најдобри се скандинавските земји: Данска, Шведска и Норвешка се наоѓаат по тој редослед на првите три места.

Данска е прогласена за најдобра држава за одгледување на деца поради тоа што е “многу дарежлива кога станува збор за породилното отсуство на мајките и татковците” и има одличен здравствен и образовен систем. 

Од слични причини на второто и третото место се Шведска и Норвешка, како и поради фактот што имаат добри социјални програми и ниска стапка на криминал.

Во топ пет најдобри земји за одгледување деца се и Канада и Холандија, а понатаму на листата следат Финска, Швајцарија, Нов Зеланд, Австралија и Австрија.


Велика Британија е на 11-то место – таа не успеала да се искачи погоре на листата поради нееднаквата заработувачка помеѓу мажите и жените, но и поради тоа што многу деца се раѓаат во сиромаштија.

Германија е на 13-то место, а потоа следат Франција, Италија и Шпанија, додека Соединетите Американски Држави се на 18-то место – добиле лоши оцени поради безбедноста, политичката стабилност и нееднаквата заработка помеѓу половите.

Од регионот, Хрватска на оваа листа е на 24-то место, Бугарија на 42-то, додека Србија е на 62-то место од оценувани 73 држави.

Кога станува збор за земјите кои се најлоши за одгледување на деца, во топ 10 се: Казахстан, Либан, Гватемала, Мјанмар, Оман, Јордан, Саудиска Арабија, Азербејџан, Тунис и Гана.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk