Винона Рајдер е феномен: Веќе 20 години изгледа потполно исто, а овие фотографии се доволен доказ

Точка

17/01/2020

09:48

4.320

Големина на фонт

а а а

Нејзината нова серија “The Plot Against America” започнува кон крајот на март, а актерката никогаш не изгледала подобро.

Кога Винона Рајдер се појавила на еден настан во Калифорнија за да ја промовира новата серија, сите го забележале нејзиниот неверојатно младешки изглед.  


Рајдер има 48 години, а ако ги споредите нејзините најнови фотографии со оние постарите, ќе забележите еден факт – оваа жена како да не остарела ниту еден ден.

Нејзиното лице е блескаво и без брчки, токму како што изгледаше во 90-тите кога се забавуваше со актерот Џони Деп.


Инаку, Винона во една прилика изјавила дека нема проблеми со стареењето бидејќи брчките носат интересни улоги во филмовите. Нејзе ја нарекуваа и “вечното девојче на Холивуд” бидејќи ја започна кариерата на многу рана возраст, а сега покажала дека годините за неа се само бројка.

Но, иако во текот на 80-тите и 90-тите години важеше за една од најсимпатичните актерки во Холивуд, продуцентите не мислеле така кога таа се појавила на аудиција.


“Ми кажаа дека не треба да се занимавам со актерство, дека не сум убава и дека е подобро да се вратам на училиште”, рекла Винона во една прилика кога имала само 15 години.

Сепак, нејзините родители ѝ велеле дека секоја личност е поинаква и дека токму тоа ја прави посебна, што било нејзината ѕвезда водилка за почеток на голема и успешна кариера.



Спонзорирани линкови

Маркетинг