За една недела заработил 2 милијарди долари: Првиот човек на Тесла од ден за ден станува сè побогат

Супермен

17/01/2020

10:20

3.663

Големина на фонт

а а а

Основачот на американската компанија Тесла, Илон Маск, за една недела го зголемил своето богатство за 2,1 милијарда долари, благодарение на растот на акциите.

Вредноста на акциите на Тесла забрзано расте откако компанијата минатата недела открила дека испорачала рекордни 112.000 возила во четвртиот квартал на 2019 година. Тоа е малку над проценката на аналитичарите. 

На растот влијаела и веста дека првата фабрика на Тесла надвор од САД, односно во Кина, започнала со испорака на електрични возила. Акциите на компанијата до 9-ти јануари пораснале за 13 отсто, воедно зголемувајќи ја и нето вредноста на богатството на Маск за над 2 милијарди долари.


Илон Маск ги изненади медиумите ширум светот со својот танц на сцената на фабриката во Шангај, со што ја прослави испораката на првите електрични модели на 3-ца купувачи во таа земја.

Маск поседува околу 22 отсто од акциите на Тесла кои сочинуваат отприлика половина од неговото богатство. Има сопствен удел и во компанијата Спејс Икс, која е проценета на 12,5 милијарди долари.

Според последните податоци на американскиот магазин Форбс, вкупното богатство на Илон Маск е проценето на 22,3 милијарди долари, што го сместува на 40-то место на најбогатите луѓе на светот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk