По Џокер, пристигнува Морбиус!

Точка

17/01/2020

12:52

1.796

Големина на фонт

а а а

Се сеќавате на оној “другиот” Џокер? Не минатогодишниот кој одлично го одигра Хоакин Феникс, туку Џокерот за кој многумина рекоа дека е најдобриот дел од филмот “Suicide Squad”.

Џеред Лето кој бил бесен поради исечените сцени во овој филм, сега повторно ќе глуми лик од “универзумот” на суперхероите. Од Марвел нѝ пристигнува “Morbius” чиј главен лик е енигматичниот антихерој – д-р Мајкл Морбиус. 


Заболен од ретко нарушување кое влијае на крвта, д-р Морбиус е спремен да стави сè на коцка во очајнички обид да си помогне себеси, но и да им помогне и на другите заболени. Неговиот потег најпрвин ќе изгледа како успешен, но набрзо ќе се утврди дека направил нешто што е можеби поужасно и од самата болест.

“Morbius” пристигнува ова лето во кино салите, пренесуваат американските медиуми.



Спонзорирани линкови

Маркетинг