Пандев: Сакам опстанок за Џенова и пласман летово со Македонија на ЕП

Макфакс

17/01/2020

13:39

556

Големина на фонт

а а а

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев (36) во интервју за порталот „Ил Секоло“ од Џенова говори за неговите планови и ѓелби во иднина.

Пандев е дециден дека во моментов му се најбитни опстанокот на Џенова во Серија А и пласманот на Македонија на ЕУРО 2020.

„Играм за Џенова, најстариот клуб во Италија, а ова е навистина ‘жешка’ околина. Имам играно во големи клубови порано, но луѓето на стадионот ‘Луиџи Ферарис’ можат да ви дадат екстра мотив. Мораме да избориме опстанок во Серија А. Сакам да ја завршам кариерата во Џенова и со изборен пласман на Европското првенство во лето со Македонија. Со нациоаналниот тим во март имаме плеј-оф против Косово, тоа ќе биде натпревар на животот“ – вели меѓудругото Горан Пандев.

Тој 5 сезони е дел од Џенова и постојано покажува и докажува како се бранат боите на клубот и репрезентацијата.

Крајот на неговата фудбалска кариера се доближува, па евентуалниот пласман на ЕП со репрезентацијата би било одлична можност да каже збогум на фудбалот на најдобриот можен начин.



Спонзорирани линкови

Маркетинг