Хамнеи: Иран ќе преговара со Западот, но не со САД

Макфакс

17/01/2020

13:41

571

Големина на фонт

а а а

Западните земји се премногу слаби за да гo фрлат Иран на колена, порача врховниот верски водач во Иран, ајатолахот Али Хамнеи, додавајќи дека официјален Техеран е подготвен да преговара, но не и со Соединетите Држави.

Врховниот лидер на Иран, кој денеска водеше голема молитва во Техеран за првпат по 2012 година, го нарече американскиот претседател Доналд Трамп „кловн“, кој, како што кажа, само се преправа дека го поддржува иранскиот народ, но вушност сака да му нанесе отровен убод во грбот.

Како што наведе, изразот на тага на погребот на иранскиот генерал Касем Сулејмани, кој беше убиен во американски воздушен напад, покажува дека Иранците ја поддржуваат Исламската Република, пренесува АП.

Хамнеи оцени дека Америка кукавички го убила најефикасниот борец против Исламска држава, со ликвидацијата на генералот Сулејмани, а Иран потоа лансираше серија балистички ракети кон американски трупи во Ирак, без да предизвика сериозни повреди.

Несреќата на украинскиот патнички авион во близина на Техеран, во која загинаа 176 лица, Хаманеи ја оцени како горчлива несреќа што го растажила Иран онолку колку што ги израдувала неговите непријатели.



Спонзорирани линкови

Маркетинг