Солскјер го потврди заминувањето на Јанг и посочи кој ќе биде нов капитен на клубот

Дерби

17/01/2020

13:44

453

Големина на фонт

а а а

Ешли Јанг во следните неколку часа и официјално треба да биде претставен како нов фудбалер на тимот на Интер.

Капитенот на Манчестер Јунајтед се согласил на двегодишен договор со „нероазурите“, а Манчестер Јунајтед за него ќе добие симболична сума од околу два милиони евра.

Дека трансферот е пред реализација потврди и Оле Гунар Солскјер кој го посочи и името на новиот перманентен капитен на Манчестер Јунајтед.

– Хари ја носи капитенската лента и ќе продолжи да ја носи. Тој е лидер во групата, а јас не сум изненаден туку импресиониран од неговите вештини за водење, затоа тој ќе продолжи да ја носи капитенската лента, - изјави Солскјер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг