Легендарниот Роналдињо го посочи најдобриот тренер со кој работел: Тој беше многу мирен човек…

Дерби

17/01/2020

13:45

1.529

Големина на фонт

а а а

Бразилецот Роналдињо остави значителна трага на модерниот фудбал изведувајќи вистински мајстории додека играше во Барселона.

Сепак кариерата на Роналдињо не траеше многу долго на високо ниво, најмногу поради неговиот начин на живот. Многумина го сметаат Бразилецот како еден од најглемите виртуози со топката, а тој сега го посочи името на тренерот кој му оставил најголем впечаток.

– Тој е прекрасен тренер, многу мирен човек. Франк Рајкард е најдобриот тренер со кој сум работел. Знаеше се, зошто играше на највисоко ниво, а тоа многу работи поедностави. Се што Рајкард бараше од нас веќе го направил претходно, па ни беше лесно затоа што директно во разговори ни објаснуваше што очекува од нас, - изјави Роналдињо.

Последен пат кога Франк Рајкард водел некој тим од клупата е 2013 година кога седеше на селекторското столче на Саудиска Арабија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг