Пронашле озлогласен џихадист, а потоа се појавил проблем: Додека се криел толку се здебелил што не можеле ниту да го помрднат

Точка

17/01/2020

13:46

10.377

Големина на фонт

а а а

Во ирачкиот град Мосул е уапсен озлогласениот џихадист Шифа Ал-Нима кој додека се криел во своето засолниште толку многу се здебелил, што не можел да биде внесен во полицискиот автомобил.

Ноторниот „муфтија“ Ал-Нима се смета за „големо апсење“, а неговото засолниште го откриле ирачките безбедносни сили,

Од ирачката полиција соопштија дека станува збор за еден од највисоко позиционираните лидери на Исламската држава кој наредил уништување на бројни културни богатства.

##https://twitter.com/Imamofpeace/status/1217964563229859841##

Британецот Масер Гифорд кој се борел против Исламската држава во Сирија, на Твитер не го криеше своето задоволство од апсењето на Ал-Нима.

„Воодушевен сум поради тоа што "Jabba the Hut" на Исламската држава е уапсен во Мосул. Тој е одговорен за егзекуција на мажи, жени и деца. Ова животно силуваше и убиваше“, напиша Гифорд.



Спонзорирани линкови

Маркетинг