Расел Кроу го покажа својот имот во Австралија: „По стравичните пожари конечно дожд“

Точка

20/01/2020

14:55

5.171

Големина на фонт

а а а

„Мојот имот пред 10 седмици откако пламенот го проголта и утрово откако целиот викенд паѓаше дожд“ - напишал актерот Расел Кроу на Фејсбук покрај фотографијата која ја објавил.

На фотографијата покажал како неговиот имот изгледал откако огнената стихија го опустошила и откако почнало да паѓа дожд.  

Се гледа целосната трансформација од целосно запалената земја и шумата со прекрасното зеленило кое повторно почнало да расте откако дождот паднал.


Неговата инспиративна фотографија собрала над 25 илјади лајкови и речиси две илјади коментари.

Многумина му пишувале да му се заблагодари на Бог за дождот и дека се воодушевени тоа што Австралија почнала да закрепнува по страшните пожари.

Како и многу други Австралијанци така и Кроу постојано им давал поддршка на храбрите пожарникари кои се бореле со огнената стихија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг