Кристина Димитриевска: „Идиот со план може да победи гениј без план“

Точка

21/01/2020

11:37

10.515

Големина на фонт

а а а

Државава ја има претставувано на голем број избори за убавина. Листата е навистина долга, но ја издвојува Кина. Таму била пред 5 години и научила многу за една сосема поразлична култура од нашата. Најзначаен успех и е првата титула на само 15 години. Тука се и успехот на MISS GLOBE, а од неодамна и MISS BALKAN кои и отвориле нови врати кон успехот. Актуелната Мис Балкан Кристина Димитриевска ќе имате можност да ја запознаете одблиску во ова интервју за Точка.

Што сонуваше да бидеш кога беше дете? 

- Кога бев дете сонував да се занимавам со манекенство и еден ден да ја понесам титулата Мис на Македонија. А што има поубаво од тоа,кога детските соништа стануваат реалност. И често замислував како снимам свој спот во некоја гаража. И затоа не случајно во мојата нова песна, има сцена во гаража.

Како ја дефинираш убавината?

- Убавината е минлива работа, и сите луѓе се убави на свој начин. Убавината би ја дефинирала вака: Колку си поубав одвнатре, двојно си поубав однадвор.


Што те исполнува во манекенството?

- Во манекенството ме исполнува се што е поврзано со оваа професија. Би ги издвоила..Изборите за Мис и снимањето на спотови и реклами, бидејќи ја обожавам глумата.


Ти си фитнес тренер. Има ли млади кои вежбаат со оглед на тоа дека многумина се иселија?

- Секој ден држам персонални тренинзи, клиентите ми се на различна возраст. Но, покрај тоа што сум тренер, често сум и психолог. Бидејќи се поврзуваат клиентите со нас тренерите..и стекнуваат доверба. А наша должност е да го дадеме максимумот од нас.

Како се чувствуваш после тренинг?

- Како што кажува една позната мисла: Не секој тренинг ми е омилен, но чуството после тренинг е незаменливо. А во тренинзите ме поддржуваа " Pump your body"-Тетово.


Дали новата титула е обврска да се остане во форма, како ја доживуваш?

- Новата титула "МИС БАЛКАН" е плус мотивација за нови успеси. А кога сме кај одржувањето на формата, на тоа внимавам постојано, бидејќи самата професија го бара тоа од мене.


Која девојка ја сметаше за конкуренција на Мис Балкан?

- За конкуренција се сметам самата себеси. Затоа што секој пат се трудам да сум подобра од минатиоти избор. И секогаш е убаво да се натпреварувате со себеси, и секогаш да знаете дека можете подобро. И тогаш успехот е загарантиран.


Може ли од манекенство да се живее во Македонија. Размислуваш ли за надвор?

- Доколку направите добра стратегија тогаш можете се да постигнете. А за размислување надвор oд границите, можностите се секогаш отворени зa луѓето што се борат за успех.

 Ја обожавам изјавата на Ворен Бафет - идиот со план може да победи гениј без план.

(А.В)



Спонзорирани линкови

Маркетинг