Светот во неверување! Беше НБА ас, денес е бездомник кој брутално го претепаа на улица

Супермен

21/01/2020

13:48

16.391

Големина на фонт

а а а

Делонте Вест, поранешниот НБА кошаркар и член на Хјустон забележан бил на улица - претепан. Спортскиот свет се шокирал откако ја видел видео снимката на некогашниот НБА ас, како како бездомник добива брутален ќотек на улица.

Тој играше покрај Леброн Џејмс во Кливленд, заработуваше над 16.000 долари во текот на кариерата, а сега живее на улица. Вест исто така играше и за Бостон, Сиетл, Кливленд и Далас, а во 2008-та годија дијагностицирано му било биполарно пореметување.

Неколку луѓе ја снимиле сцената како го претепуваат НБА асот на улица во Вашингтон. По бруталната тепачка Вест бил приведен, но не и човекот кој го тепал поради нарушување на јавниот ред и мир.

##https://twitter.com/N90sKindOfWorld/status/1219339349843763203##

На снимката се гледа Вест со лисици на рацете додека полицајците го приведуваат, тој вика како другиот човек извадил и пиштол и сакал да пука во него.

Вест најдобрата сезона ја имал во 2006-2007 година кога во просек давал по 12.2 поени од натпревар. Имал големи проблеми со маничко-депресивна психоза, а во септември 2009-та година бил приведен поради тоа шо поседувал два пиштола, а во куфер за гитара сачмарка Remington 870.

Било јасно дека нешто не е во ред со него, но никој толку многу не се грижел за него откако и последниот клуб во НБА лигата, Далас во 2012-та година го отпуштиле поради лошо однесување.

Тој во некое интервју во 2015-та година зборувал дека уште во тинејџерсите години размислувал себеси да си го одземе животот.

По овие брутални снимки се огласиле и некои луѓе од спортскиот свет како Џамир Нелсон кој напишал:

„Лошо ми е поради овие снимки на Делонте. Да им одговорам на сите сега дека ме исконтактираа поради овој повод - се што можеме е да се молиме за него и неговото семејство и да се надеваме дека ќе ја најде вистинската помош. Психичките болести се нешто што многу луѓе го имаат, а тоа не го знаат и понекогаш е предоцна“ - напишал Нелсон на социјалните мрежи. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk