Менаџерите кои трошат повеќе и од руските возила: Мурињо е рекордер со 1.57 милијарди евра, а еве кои се останатите...

Точка

21/01/2020

18:21

2.858

Големина на фонт

а а а

Нема трофеј доколку не се вложат пари. Ова е паролата до која се држат фудбалските менаџери иако често не успевале на терен да го “наплатат“ вложеното.

Верувале или не, десетте менаџери кои најмногу трошат вкупно потрошиле девет милијарди евра на засилувања, а убедливо првото место го држи Жозе Мурињо.

Португалецот никогаш не се плашел клубовите да ги претвори во “банкомати за кеш“ без оглед на тоа каде работи - Челси, Интер, Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед.


Мурињо на 101 фубалер потрошил вкупно 1.57 милијарди евра од кои најскапо го платил Пол Погба, 105 милиони, а најмалку Бразилецот Масиело кој во 2001-та година го донел во Леириа за 100.000 евра.

Првпат ја преминал границата од милион евра кога во 2002-та година од Ла Коруња во Порто за три милиони евра го донел голманот Нунo Еспирито Санто, сега менаџер на Вулверхемптон.


Најмногу потрошил на Олд Трафорд каде што не направи ништо, а ги купи Погба, Лукаку, Фред, Матиќ...

На второто месо се наоѓа Карло Анчелоти. Тој се прославил со купувањето на Герет Бејл за 101 милион евра колку што изнесувал трансферот во Реал, а ќе остане запаметен и по 75-те милиони евра кои ги дал за Хамес Родригез како и за 58.5 милиони евра за доаѓањето на Фернандо Торес од Ливерпул во Челси.


Погледнете ја листата на менаџерите кои најмногу трошат:

1. Жозе Мурињо;
2. Карло Анчелоти; 
3. Пеп Гвардиола; 
4. Мануел Пелегрини; 
5. Масимилијано Алегри; 
6. Арсен Венгер; 
7. Роберто Манчини; 
8. Клаудио Раниери; 
9. Унај Умери; 
10. Рафа Бенитез.



Спонзорирани линкови

Маркетинг