Протекоа нови фотографии, а таа едноставно блеска: Откриваме што прави Меган во Канада и како се претставува себеси

Точка

22/01/2020

10:20

4.859

Големина на фонт

а а а

Меган Маркл и принцот Хари го изгубија правото да ја користат титулата за “нивното кралско височество“, но на располагање им останале титулите на војвотка и војвода од Сасекс затоа што Меган и понатаму така се претставува на официјалниот Инстаграм профил.

Меган и Хари отпочнаа ново животно поглавје во Канда, а сега се откриени и нови информации за тоа што прави Меган во изминатиов период.

Таа неодамна посетила некоја организација за заштита на животни во чија работа учествува повеќе години.

Меган, како што се наведува на сите им честитала за сè што направиле во претходниот период како и на предноста на работата која ја прават секој ден.

Таа во текот на посетата на оваа организациј носела светло сина кошула и тегет капут.

Во споменатата објава на Инстаграм профилот Меган е претставена како војвотка од Сасекс со што уште еднаш потврдила дека и понатаму се претставува со таа титула.


Под објавата има многубројни коментари па многумина навеле дека Меган изгледа преубаво и сите ја пофалиле нејзината хуманитарна работа.

Исто така ѝ дале поддршка и нејзе и на нејзиниот сопруг по повод желбата за нов живот.

„Останете силни, можете вие. Милиони ве поддржуваат“ - гласи еден од коментарите. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг