52-годишниот актер ја соблекол маицата и го покажал мускулестото тело на кое можат да му позавидат и двојно помладите мажи

Супермен

22/01/2020

12:32

4.494

Големина на фонт

а а а

52-годишниот американски актер Вин Дизел, чие вистинско име е Марк Синклер, го покажал своето мускулесто тело и широките раменици додека позирал на плажа со даска за сурфање.

Вин Дизел се пофалил со своите мускулести раце и затегнати стомачни мускули додека позирал, гледајќи во далечината. Неговиот долен веш се надѕирал над шорцевите, а на него пишувалo “Barca BC” – името на видео играта која беше лансирана во 2011 година. 

Славниот актер оваа година повторно ќе се појави во новото продолжение на филмот “Fast & Furious” поради што е многу возбуден и не го крие своето воодушевување. Тој е најпопуларен по својата улога во франшизата, а 9-тиот дел ќе биде прикажан во кината ширум светот во мај 2020 година.

Освен тоа, на социјалните мрежи објавил и неколку фотографии од теретана на кои ја покажува завидната топ форма и извајаните мускули кои редовно ги одржува со жестоките тренинзи, веќе со години наназад.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk