Контроверзниот водител за принцот: “Поштеди нè од крокодилски солзи Хари, ја откачи кралицата за да бидеш кралскиот Кардашијан”

Точка

22/01/2020

14:19

3.445

Големина на фонт

а а а

Одлуката на принцот Хари и Меган Маркл да се повлечат од британското кралско семејство предизвика жестоки реакции во јавноста, а помеѓу најгласните критичари бил и контроверзниот водител Пирс Морган.

Тој повторно се огласил по повод првиот говор кој го одржа принцот од почетокот на оваа драма, а ниту овој пат не ги штедел критиките. 


“Причината за неговата тага е тоa што тој и Меган заминуваат во Северна Америка за да бидат селебрити. И сакаше на сите да им биде јасно кого обвинува за тоа кога рече дека британскиот народ “долго време внимавал на него, но медиумите се моќна сила”. Морам да кажам дека се расплакав. Единствениот прифатлив наратив е дека расистичките медиуми го протераа јадниот Хари и Меган. Ако од милионите даночни обврзници ја реновиравте вашата куќа, тогаш веројатно имаме право да ги видиме фотографиите од вашето дете. Во име на одвратните британски медиуми, се извинувам што сметав дека овие две богати и привилегирни личности имаат било каква одговорност”, напишал Морган во својата колумна за “Daily Mail”.

Како што додава, целата приказна може да се разгледа и од друга страна – Меган и Хари “се пар разгалени и лицемерни детишта кои одлучиле да ја уценат кралицата и монархијата за да го добијат и изедат кралскиот колач, а кога нивниот блеф беше откриен, се спакуваа и си заминаа”.


Морган вели дека е невозможно постарите членови на кралското семејство да живеат во Северна Америка и да работат обични работи со круните на глава, а сепак тоа го побарале Хари и Меган во својот “манифест”, објавен пред две недели.

“Тие преку социјалните мрежи ѝ соопштија на кралицата дека институцијата во која таа долго време служела, ќе ја одвлечат во нова прогресивна ера, надевајќи дека дека таа ќе подлегне на нивниот бесрамен ултиматум. Тоа не се случи. И покрај нивното постојано “дрдорење” за медиумите, Хари и Меган всушност имаа огромна приватност. Затоа ниту една фотографија не се појави на интернет во текот на нивниот шестнеделен одмор. Поштеди ме од твоите крокодилски солзи, Хари. Си замина поради големите пари и филмската кариера на својата сопруга. Избра да бидеш “кралскиот Кардашијан” и да ја усреќиш сопругата”, заклучил водителот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг