Тага во светот на комедијата: Почина ѕвездата од „Монти Пајтон“

Точка

22/01/2020

15:56

1.910

Големина на фонт

а а а

Тери Џоунс, популарниот британски актер, комичар, режисер и сценарист починал вчера на 77-годишна возраст по борбата со болеста, пренесуваат од Би-би-си.

Џоунс е најпознат како еден од членовите на комичарската група „Монти Пајтон“.

Како што соопштиле од неговото семејство тој починал во својот дом по долгата борба со реткиот облик на деменција.

„Изминатите денови, неговата сопруга, деца и поширокото семејство и блиски пријатели постојано биле покрај Тери додека тој полека го напуштал овој свет во својот дом во северен Лондон. Сите го изгубивме љубезниот, духовит, топол, креативен и вистински сакан човек чија бескомпромисна индивидуалност, неумерен интелект и извонреден хумор пружаа задоволство на безброј милиони луѓе во текот на шест децении“ - се наведува во соопштението.

Џоунс во 2015-та година дознал дека боледува од фронтотемпорална деменција, редок облик на деменција.

Тери Џоунс беше еден од главните актери и автори на скечовите во серијата и филмовите со екипата Монти Пајтон.

Освен тоа тој пишувал и историски книги и работел на документарни филмови според нив, а исто така и напишал неколку книги за деца.

Тој пишувал статии и за „Guardian“, „Daily telegraf“ во кои ја критикувал британската политика за време на владеењето на Тони Блер.

Зад себе ги оставил ожалостената сопруга и нивните три деца.




Спонзорирани линкови

Маркетинг