Mercedes се подготвува за редизајн на E Class

Точка

22/01/2020

17:01

2.583

Големина на фонт

а а а

Производителот од Штутгарт ги објави првите детали и фотографии од рестилизираниот E Class кој ќе пристигне во продажните салони во текот на ова лето.

Актуелната генерација на Mercedes E Class дебитираше во 2016-та година, а во текот на 2020-та година ќе биде унапредена, како во поглед на дизајнот, така и на полето на технологијата.

На првите официјални фотографии редизајнираните автомобили и натаму се „камуфлирани“, но сепак од прилика може да се види како ќе изгледа рестилизираната надворешност на автомобилот.


Естетските модификации го опфаќаат предниот и задниот браник, како и фаровите и стоп светлата кои наликуваат на светлата од актуелните генерации на моделите CLS и CLA.

Сепак, позначајни промени се кријат во внатрешноста на рестилизираниот E Class.


Mercedes својата „директорска“ лимузина ќе ја опреми со најсовремени системи за асистенција кои ги има во својата понуда. Меѓу нив е и Active Distance Assist Distronic кој може да детектира сообраќаен метеж или застој на патот пред возачот.

Освежениот E Class ќе има и најсовремени верзии на системот како што се Active Traffic Jam Assist, Active Steering Assist, Active Brake Assist, Active Blind Spot Assist и Parking Package со камера која покрива 360 степени.


Моторизацијата на освежениот E Class исто така ќе биде унапредена, вклучувајќи дури седум plug-in хибридни верзии. Рестилизираната верзија ќе го добие и најновиот 4-цилиндарски 2.0 мотор со 272 коњски сили заедно со EQ Boost системот. Покрај тоа, во понудата ќе биде и 6-цилиндарскиот мотор со 48 волти „лесна“ хибридна технологија и EQ Boost системот кој испорачува 367 коњски сили.

Промени ќе има и во кабината. Mercedes ќе вгради и нов мултифункционален волан со команди чувствителни на допир, како и нов индикатор за квалитет на воздух во патничката кабина.


Купувачите ќе имаат на располагање и Mercedes-Benz Urban Guard која обезбедува надзор над возилото кога е паркирано. Германскиот производител се уште го нема откриено датумот на премиерата на рестилизираниот E Class, а прилика за тоа ќе биде претстојниот женевски саем за автомобили.



Спонзорирани линкови

Маркетинг