Човек со големо Ч: Поранешниот првак во УФЦ се повлекол од борба за да ѝ донира коскена срж на својата ќерка

Супермен

22/01/2020

17:13

2.924

Големина на фонт

а а а

Еден од омилените борци на светот и поранешен првак во средна категорија, Роберт Витакер, неодамна ја откажал својата борба против Џеред Канониер која требало да се одржи на 7-ми март.

Тоа воедно требало да биде повратнички меч на Витакер откако ја изгуби титулата од Изреал Адесанјa. Иако многу фанови се посомневале дека Витакер се повредил, поради што многумина започнале да го критикуваат на Твитер, причината за неговото повлекување е друга. 

Имено, Роберт Витакер се повлекол од бората за да ѝ донира коскена срж на својата ќерка, а тоа делумно го потврдил и претседателот на УФЦ, Дана Вајт.

“Тоа е лична работа и ако Витакер сака да зборува за тоа, може. Но, ако јас треба да зборувам за некој чии приоритети се на вистинското место, кој е апсолутно несебичен и кој е во секоја смисла добра личност, тоа е Роберт Витакер. Причината зошто не се бори е една од најнесебичните гестови за кои знам. Тој е сјаен човек и имам голема почит кон него. Му посакувам многу среќа со она низ кое моментално проаѓа и не можам со зборови да опишам како се чувствувам”, изјавил Вајт.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk