Перишиќ: Се чувствувам одлично во Баерн

Точка

22/01/2020

16:01

732

Големина на фонт

а а а

Напаѓачот на Интер кој во Баерн Минхен настапува како позајмен играч, Иван Перишиќ изјави дека одлично се чувствува во таборот на Баварците и нема намера да се пензионира наскоро.

„Засега се е одлично во Минхен. Задоволен сум комплетно, како работно, така и приватно. Одам бавно, чекор по чекор, од ден во ден и засега ми оди одлично“, изјави Перишиќ за германските медиуми.

Хрватскиот репрезентативец во Интер е означен како играч во поодминати години, а тоа му пречи.

„Свесен сум за тоа, но јас имам 30 години и се чувствувам одлично. Знам дека можам уште многу да му дадам на фудбалот и немам намера уште седум-осум години да одам во фудбалска пензија“, изјави Перишиќ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг