Ja повторил познатата фраза, но овој пат добил одговор од тенисерот: Италијанскиот новинар искрено го насмеал Новак

Точка

22/01/2020

18:46

3.908

Големина на фонт

а а а

Помина речиси една година од познатата конференција за медиумите кога Новак Ѓоковиќ ја освои рекордната, седма титула на Австралијан опен, а италијанскиот новинар Убалдо Сканагата го изговори познатото “Not too bad” (Не е лошо).

Нешто слично било забележано и по победата на српскиот ас над Јапонецот Ито во второто коло од овогодишното издание на првиот Гренд слем во сезоната. Убалдо повторно имал прашање за Новак, а потоа ја изговорил реченицата, но овој пат добил одговор во вид на јасна порака. 

“Не е лошо. Но, чувај го тоа за последниот ден”, рекол Ѓоковиќ, алудирајќи дека во тој случај по осми пат во кариерата ќе го подигне пехарот на Австралијан опен.

Се надеваме дека Сканагата ќе има прилика да ја повтори познатата реченица – “Not too bad”.




Спонзорирани линкови

Маркетинг