Момците од „2Cellos“ повеќе нема да настапуваат заедно! Лука Шулиќ откри сè!

Точка

22/01/2020

21:54

5.520

Големина на фонт

а а а

Лука Шулиќ и Стјепан Хаусер го сочинуваат популарното светско дуо „2Cellos“, кое ги освојува срцата на луѓето ширум светот, а некои работи оваа година повеќе нема да бидат исти.

Лука Шулиќ ќе настапи соло во февруари во Белград, а објаснил зошто повеќе нема да свири со Стјепан.


„Со оглед дека земавме пауза, дојде време јас и Стјепан да се посветиме на своите проекти. Постоевме и пред 2Cellos, па нормално дека двајцата имаме свои уметнички желби, но тоа не значи дека нема повторно заедно да засвириме. Супер е што можеме да настапуваме и сами и заедно“, рекол Лука Шулиќ за „Story“.

Овој талентиран музичар вели дека најважно од сè е тоа што по вторпат станал татко.


„Никој не може да ти го врати времето поминато во пат, ако имаш две мали деца. Уживам дома. Еве, Хана си игра со мене и сега додека зборуваме. Целата моја животна филозофија почнува од тоа дека имам семејство. Меѓутоа, не сум тип кој може да биде само дома и да менува пелени. Сепак сум уметник и имам потреба и на тој начин да се изразам. Сега 15 концерти ги распоредувам на 6 месеци, а со 2Cellos сето тоа беше за еден месец“, заклучил Лука.



Спонзорирани линкови

Маркетинг