ДУИ, овојпат, ќе го почитува принципот „победник со победник“?!

Нетпрес

23/01/2020

13:16

2.778

Големина на фонт

а а а

Демократската унија за интеграрција (ДУИ) на априлските превремени парламентарни избори ќе се натпреварува сама, но ги повикува другите партии од албанскиот блок да се обединат со цел „да го обединат албанскиот глас“.

Ова во ексклузивно интервју за „Газета Експрес“, го изјави вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, запрашан дали ДУИ ќе оди сама на избори или ќе формира коалиција со која било друга албанска политичка партија.

- Што се однесува до коалициите со македонските партии по изборите, Османи рече дека ДУИ ќе се придржува кон принципот „Победник со победник“, што подразбира дека ДУИ ќе формира коалиција со македонската партија која ќе победи, без оглед дали станува збор за ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ, потенцирајќи дека ДУИ никогаш нема да дозволи да се поништи Договорот од Преспа, Законот за употреба на јазиците или Договорот за добрососедство со Бугарија.

Инаку, Демократската унија за интеграција на Османи по изборите од декември 2016 година го напушти овој принцип на коалиција за кој своевремено предизвика политичка криза во земјата. Тогаш иако ВМРО-ДПМНЕ освои повеќе пратеници од СДСМ, „интергративците“ решија да коалицираат со Зоран Заев кој ја прифати ткн. Тиранска платформа, со која албанскиот јазик треба да стане вториот официјален во земјата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг