Сакав убави веѓи, а сега сум подвижен блам! Оваа жена дебело платила за исцртување на веѓите, а потоа...

Точка

23/01/2020

18:54

5.040

Големина на фонт

а а а

Јапонско исцртување на веѓите станува сè попопуларно, а за тој третман најчесто се одлучуваат жените кои имаат светли веѓи или се незадоволни од нивната форма.

Во таква ситуација била и Шенон Бозел од Каламазу од Мичиген, која одлучила да се разубави. Меѓутоа, после третманот, морала да ја промени фризурата за да ги сокрие своите нови веѓи.


Имено, веѓите кои ѝ ги исцртала козметичарката се сè, само не убави.

„Буквално се кријам откако ми го направи тоа на лицето. Првин воопшто немав веѓи, бидејќи премногу ги “кубев“ во 20-те години, а сега имам најголеми веѓи во Каламазу. Причината поради која излегов јавно со ова е да ги предупредам другите да внимаваат. Кога ја избрав оваа козметичарка ѝ го прегледав профилот. Не го проверував многу процесот, бидејќи мислев дека знае што прави и кој е најдобар облик за моето лице. Погрешно!“, напишала Шенон на Фејсбук.


Три дена после третманот, отишла на корекција, а “уметничката“ тогаш се обидела да ѝ отстрани дел од бојата, после што добила инфекција.

„Неколкупати се обидов да си ги вратам парите назад, но таа го одби тоа. Сакаше да дојдам третпат на корекција, но на таа госпоѓа повеќе нема да ѝ дозволам да ме допира“, заклучила Шенон. 




Спонзорирани линкови

Маркетинг