Вухан, една година подоцна: Од центар на светската кошарка, до епицентар на вирус

Точка

23/01/2020

21:18

5.061

Големина на фонт

а а а

Кинескиот град Вухан претходните неколку дена е во центарот на светската јавност поради коронавирусот кој веќе однел неколку животи и продолжува да се шири надвор од границите на Кина.

Имено, висурот од семејството САРС се појавил минатиот месец во градот Вухан во провинцијата Хубеј, и се проширил во повеќе земји од Азија, а првиот случај веќе е забележан и во САД. Во Вухан властите наредиле задолжително носење на маски на јавни места, пренесуваат светските медиуми. 

И по друга вест надалеку се слушнало за Вухан - и тоа пред неколку дена, кога било најавено дека во овој град ќе бидат затворени сите сообраќајници и транспортни мрежи, додека граѓаните биле советувани да не го напуштаат градот.

И додека многумина за Вухан слушнале дури сега, овој град има многу што да им понуди на патниците и туристите.

Дури 233 ѕидови го окружувале некогаш Вухан, град со околу 11 милиони жители.

Го сочинуваат три градови проврзани со мостови: Вучанг, Ханкоу и Ханјанг. Ханјанг е стар индустриски центар, Ханкоу е финансиски центар, а Вучанг е делот во кој има најмногу универзитети и истражувачки станици, па можеме да го наречеме и технолошки центар.

Мостот Јангце кој се наоѓа во овој град е првиот мост кој минува преку реката Јангцекјанг, а изграден е во 1955-та година. На него може да одат и пешаци, а погледот од врвот на градот и реката претставува феноменална глетка.

Планината Вуданг не пружа поглед на градот, туку на околните планини. На врвот се наоѓа здание за сите оние кои практикуваат таоизам, а влезот му дозволен на секој што ќе се искачи до самиот врв на планината.

"Езерото со 99 брегови" претставува вистинско освежување за сите кои ќе се уморат од повеќемилионскиот град и сакаат природа. Го окружуваат околу 50 километри квадратни зелена површина.

Музеите се тоа што дополнително го краси Вухан: Музејот на Револуцијата и Музејот за геологија даваат двоен контекст на животот на претходниците: Првиот ги објаснува причините и последиците од Кинеската револуција, а во вториот се наоѓаат важни делови од историјата на светот кои вклучуваат скелети од диносауруси и кристали.

Храмот Гуиџан од времето на династијата Чинг претставува еден од четирите најголеми храмови во Хубеј. И натаму служби за првобитната намена, а за туристите е затворен за оние кои таму медитираат да го имаат својот мир. Тука, исто така, се изложени многу предмети кои на себе имаат елементи на будизам.

Вухан во текот на 19-тиот век бил најразвиениот град во централна Кина, а денес е познат како политички, финансиски, културен, економски и транспортен регион.

Во овој град, инаку, минатата година се играло и светско првенство во кошарка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг