Михаел Шумахер тајно фотографиран во својот дом додека лежи во кревет - фотографиите на црниот пазар достигнале цена од 1.2 милиони евра

Супермен

24/01/2020

22:05

19.955

Големина на фонт

а а а

Поминаа повеќе од шест години од тешката повреда на Михаел Шумахер, а јавноста досега немала можност да види никаква фотографија или пак видео од периодот на неговото закрепнување.

Семејството на Шумахер се одлучило на целосна приватност и постојано од јавноста ги сокрива деталите за неговата здравствена состојба.

Меѓутоа, англискиот таблоид „Mirror“ пишува дека Михаел Шумахер е тајно снимен во болнички кревет. Тоа се лучило во 2019-та година во неговата вила на Женевското езеро.

Како што понатаму се наведува, “непознатата личност“ ги прокриумчарела од куќата.

Фотографиите веднаш биле понудени на црнио пазар по цена од 1.2 милиони евра.

Во текстот додаваат дека сопругата на Михаел, Корина кога дознала за фотографиите веднаш го пријавила случајот во швајцарското и германското правосудство.

Дали тоа е причината зошто фотографиите сè уште не се појавиле во јавноста или пак нешто друго, не знаеме. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk